Туризмот е една од стопанските гранки кои може силно да влијаат врз растот на економијата, да генерираат работни места и благосостојба. Местоположбата на нашата држава и природните ресурси кои ги поседува како компаративна предност меѓу другите ја издвојуваат основата за развој на туризмот. Во продолжение ќе бидат презентирани графички прикази со податоци за движењето во овој сектор.

Извор ДЗС
Од овој графикон може да се забележи дека има одреден раст во 2022 споредено со 2021 година, одредено опоравување кое следуваше после пандемијата.

Извор ДЗС
Од вториот графикон може да се забележи дека во 2021 година доминирале домашните туристи, додека во 2022 година домнирало учеството на странските туристи. Доминацијата во 2021 година се должи на мерките поврзани со ваучери и имајќи ја во предвид пандемиската ситуација фокусот на домашните туристи.
Со цел поголемо искористување на туристичкиот потенцијал кое би довело до поголемо учество на туризмот во бруто домашниот производ потребно е и пост пандемиски да има повеќе мерки и политики со кои би се стимулирало учеството на домашните туристи покрај странските.

Извор ДЗС
Она што е важно за раст и развој на туризмот како и за поголемо влијание на туризмот врз бруто домашниот производ е да се зголеми туристичката содржина и понуда со што ќе се зголеми бројот на ноќевања на туристите, кое зголемување ќе го подобри мултипликативниот ефект на туризмот врз БДП. На овој начин ќе има поголема искористеност на капацитетит и на туристичкиот потенцијал воопшто, а во туризмот како сектор ќе се креира поголема основа за инвестиции, раст и конкурентност.
Анализата ја подготви Ристе Костовски, Дипломиран економист во отсек на финансиски менаџмент. Веднаш по дипломирањето своето образование го продолжува на постдипломски студии по монетарна економија, финансии и банкарство каде работи на тезите за магистерскиот труд.
