Ohrid Water Festival и годинава ја оправдува својата репутација на уникатна спортска манифестација што ги спојува езерото, спортот и авантуристичкиот дух. Вториот фестивалски ден беше исполнет со адреналин и силни емоции, откако на репертоарот се најдоа „Меѓународна кајак регата“ и „Меѓународен OWF пливачки митинг“.
Учесниците од повеќе земји донесоа свеж спортски дух на охридското крајбрежје, а езерото уште еднаш покажа дека е совршена сцена за вакви настани. Публиката уживаше во спектакуларни моменти и спортски дух, а атмосферата беше на високо ниво – исполнета со навивање, позитивна енергија и вистински фестивалски ритам.
Фестивалот продолжува и денес, со нова спортска авантура: „Меѓународен тренинг камп во едрење 2025“. Настанот ќе собере млади таленти и искусни едриличари кои заедно ќе разменуваат знаења, техники и искуства. Целта е промоција на едрењето како модерен и атрактивен воден спорт, но и зајакнување на соработката меѓу клубови и спортски федерации од регионот и пошироко.
Со секое ново издание, Ohrid Water Festival сè повеќе се профилира како значајна спортско-туристичка манифестација која го промовира Охрид и неговото езеро како центар на активниот туризам и спортската енергија.
