HomeАктуелноГолема полициска акција се чешла на три локации, еве што се случува

Голема полициска акција се чешла на три локации, еве што се случува

Голема полициска акција на Управата за финансиска полиција во општина Липково, Куманово и Желино– претреси на повеќе локации, сомнение за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама и перење пари.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во раните утрински часови полициски екипи од Управата за финансиска полиција упаднале на неколку локации во општина Липково, Куманово и Желино, каде во моментот се вршат претреси. Акцијата е резултат на подолга истрага за постоење на организирана криминална група која, според првичните сознанија, се сомничи за злосторничко здружување, даночно затајување, даночна измама, перење пари и други кривични дела поврзани со финансиски криминал.

Неофицијалните информации говорат дека се работи за фирми кои се занимаваат со набавка и продажба на нафтени деривати кои се сомничат за сторен криминал тежок над 7 милиони евра. Детали за акцијата се најавуваат по нејзиното завршување, во текот на денот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.