HomeАктуелноДенес е Светски ден на правата на потрошувачите

Денес е Светски ден на правата на потрошувачите

Потрошувачките организации ширум светот на овој ден го прославуваат меѓународното движење на потрошувачите.

Овој ден, добива големо значење уште од времето на бившиот претседател на САД, Џон Кенеди, во чие време биле прогласени основните четири потрошувачки права.  Во 1985 година, Обединетите нации ги унапредуваат насоките за заштита на потрошувачите, според кои сите граѓани, независно од нивните приходи и социјален статус ги имаат следните потрошувачки права:

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

1. Правото на задоволување на основните потреби;
2. Правото на безбедност на производите и услугите;
3. Правото на информираност;
4. Правото на избор;
5. Правото да бидат земени во предвид интересите на граѓаните при креирањето и спроведувањето на политиката на Владата;
6. Правото на надомест на штета;
7. Правото на образование на потрошувачите;
8. Правото да се живее во здрава животна средина;

Оргaнизација на потрошувачите на Македонија (ОПМ) по повод Светскиот ден на правата на потрошувачите денеска организира настан во Скопје во рамки на проектот „Потрошувачите За одржливост – институционализирање на дијалогот за локалните политики и услугите на граѓанското општество кон општините и бизнисот“.
ОПМ заедно со партнерите, Асоцијација за развојни иницијативи- ЗЕНИТ, Женска граѓанска иницијатива АНТИКО и Стопанска Комора за мал бизнис го спроведува овој проект, кој е финансиран од Европската унија, пишува опсервар.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.