HomeАктуелноДенес и утре на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” Армијата ќе одржи тактичко-технички активности

Денес и утре на дел од просторот на комплексот „Св.Наум” Армијата ќе одржи тактичко-технички активности

Денеска од 11 до 14 часот и утре од 12 до 14 часот на дел од просторот на комплексот „Св.Наум“ во Охрид, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското Eзеро кај комплексот „Св.Наум“, ќе употребат атрифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема. Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на Полициската станица Охрид и Полициската станица за граничен надзор „Охридско Eзеро“, информираат од СВР Охрид.

Апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој настан.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.