HomeАктуелноКолумна – Управување со ризиците поврзани со климатските промени

Колумна – Управување со ризиците поврзани со климатските промени

Управување со ризици е важна алатка за остварувањето на целите на било кое ниво. Процесот на управување со ризици овозможува поефикасно реализирање на целите на било кое ниво. Еден од многуте ризици со кои се соочуваат државите во современи услови на стопанисување се ризиците поврзани со климатските промени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ризиците од климатските промени може да се категоризираат во две компоненти: физички ризици и транзициски ризици, при што и двете компоненти се корисни за идентификување на капацитетите за адаптација како и потребите за финансирање на истите. Што се однесува до физичките ризици истите имаат директни импликации врз средствата и продуктивноста.

Земјите во развој се особено погодени од климатските промени, поради нискиот капацитет за справување. Важно е да се напомене дека Ковид 19 пандемијата влијаеше и во насока на меѓународната климатска политика.

Во однос на стратешкото управување со климатските промени најпрво треба да се воспостави добар систем за антиципирање на климатските ризици. Во доменот на менаџментот со климатските промени потребно е да се зголеми волуменот на финансиски ресурси наменети за инвестиции кои би можеле да ги намалат ризиците од климатските промени. Исто така потребно е да се работи на подигање на свеста за важноста на климатските промени со организирање на трибини, тркалезни маси и сл.

На ниво на индустрии, земјоделството е најизложен сектор на климатските промени. Оттука, намалени се приходите на руралното население како резултат на климатските промени. Имено, можностите во земјоделството не може ефективно да се искористат поради климатските промени. За таа цел, потребно е развој на земјоделските институции кои ќе имаат капацитет за антиципирање на климатските ризици. Исто така со цел јакнење на конкурентноста на земјоделството потребни се поголеми инвестиции кои ќе помогнат да се подобри апсопрциониот капацитет на климатските промени.

Со цел добро антиципирање на климатските ризици и справување со климатските ризици воопшто потребно е јакнење на капацитетите за реализација на стратегиите и плановите за климатски промени. Исто така, за подобрување на отпорноста на нашата земја на климатските промени, потребен е ефективен проектен менаџмент. Во рамкии на институциите потребни се ефикасни процеси на управување со промените со кои ќе може да се намалат негативните ефекти на климатските ризици.

 

 

За powerinfo.mk  пишува Ристe Костовски, Дипломиран економист во отсек на финансиски менаџмент. Веднаш по дипломирањето своето образование го продолжува на постдипломски студии по монетарна економија, финансии и банкарство каде работи на тезите за магистерскиот труд.

 

 

 

 

Искажаните ставови, мислења и содржини на овие активности не мора да ги отсликуваат ставовите на медиумот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.