HomeЗдравјеНајмалото бебе родено кај нас во 2021 со само 665 грама конечно си заминува дома со тежина од над 2 кила.

Најмалото бебе родено кај нас во 2021 со само 665 грама конечно си заминува дома со тежина од над 2 кила.

Денес, Бехра тежи 2 килограми и 190 грама. По 67 дена поминати на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, малото бебенце конечно си замина дома со своите родители.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Приказната и фотографиите ги сподели министерот за здравство Венко Филипче.

Малата Бехра кога се роди тежеше само 665 грама и беше долга 30 сантиметри, таа е најмало бебе во 2021 година. Оваа мала хероина 67 дена помина на УК за гинекологија и акушерство во Скопје, на неонатолошките интензивни одделенија.“

Со помош на стручниот тим на Клиниката и најсофистицираната опрема Бехра денеска си заминува дома со 2.190 грама телесна тежина. Не може да се опише радоста на нејзините родители кои дојдоа да го земаат нивното првенче. На Бехра и посакувам многу здравје, безгрижни детски денови исполнети со многу љубов и среќа“ – напиша тој.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.