Доналд Трамп беше безбеден откако беше пријавено пукање во негова близина попладнето на 15 септември на Флорида, објавија од американската Тајна служба, како и од изборниот штаб на републиканскиот кандидат за претседател.
Засега не е познато дали истрелите биле насочени кон Трамп или не.
Американската тајна служба соопшти дека го истражува случајот и оти инцидентот се случил нешто пред 14 часот.
Поранешниот претседател е безбеден, соопшти Тајната служба.
Американската потпретседателка и кандидатка за претседател на демократите, Камала Харис, изјави дека била информирана за пукањето во близина на поранешниот претседател Трамп и неговиот имот на Флорида.
Мило ми е што е безбеден. За насилството нема место во Америка, рече Харис, пренесува Асошиејтед пред.
Пред околу два месеци, Трамп беше застрелан за време на обид за атентат на митинг во Пенсилванија, а куршумот му го погоди увото.