HomeАктуелноПратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против декларацијата за Гоце Делчев, за опозицијата ова е пропуштена можност за единство

Пратениците од СДСМ и ДУИ гласаа против декларацијата за Гоце Делчев, за опозицијата ова е пропуштена можност за единство

Владејачката коалиција го одби предлогот на опозицијата на Комсијата за надворешни работи да се расправа за Декларацијата за ликот и делот на Гоце Делчев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според преседателот Милошоски власта ја испуштила шансата Декларација да биде точка на обединување околу, како што рече, неспорниот македонски деец и водач во ослободувањето на Македонија.

Од СДСМ пак, велат дека гласале против бидејќи ДЕкларацијата ја враќала државата назад.

Ова беше втор обид Комисијата за надворешни работи да расправа за Декарацијата за Делчев. Минатата недела власта ја напушти седница на ова тело и го оневозможи коворумот за работа. Претходно, спикерот Џафери одби за докуемнтот да се расправа на пленарна седница.

ВМРО-ДПМНЕ реагира и дека парламентот се уште не ја има усвоено годишната програма за одбележување на настани и јубилеи. Обвинуваат дека тоа се прави поради 150 годишнината од раѓањето на Делчев, но и 150 години од раѓањето на Даме Груев, 30 години од државноста, како и за повторно да не се доделат државните награди „23 Октомври“ и „Гоце Делчев“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.