Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (28.01.2022) на територија на град Скопје изречени се вкупно 330 мерки, меѓу кои за недавање предност на пешаци 140 санкции, возење повеќе од дозволената брзина 41 санкција, 15 мерки за возење без возачка дозвола, 15 санкции за технички неисправни возила.
– Изречени се четири мерки за возач почетник, седум санкции за зборување на мобилен телефон, пет мерки за минување на затворен сигнал црвено светло, 26 санкции за прекршоци што ги чинат пешаците, велат од МВР.