HomeАктуелноСДСМ: Врв на деструкција, ВМРО-ДПМНЕ блокира Закон за поголеми плати за наставниците

СДСМ: Врв на деструкција, ВМРО-ДПМНЕ блокира Закон за поголеми плати за наставниците

ВМРО-ДПМНЕ го достигна врвот на деструкција со блокирањето на законот за поголеми плати на 27.000 наставници кој очигледно не го прочитале.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Ако се грижеа за наставниците, ВМРО-ДПМНЕ ќе знаеја дека со членот 21 од предлогот со измена на членот 66 од стариот Закон и додавање на нови членови, комплетно се дефинира платата која се состои од основна компонента и исклучителна компонента изразени преку бодови.
Согласно членот 66-г, на наставникот кој реализира настава според наставен план и програма, му се исплаќа плата во висина на плата за 40 часовно работно време во неделата, доколку има неделен фонд од најмалку 10 наставни часа.
ВМРО-ДПМНЕ не сака да се соочи со фактот дека со растот на минималната плата ќе расте и платата на наставниците и стручните соработници во основно и средно образование.
Во член 66-ж од Законот наведено е дека министерството и репрезентативниот синдикат склучуваат спогодба со којашто се утврдува износот на вредноста на бодот за пресметување на платите, во рамки на предвидениот буџет и врз основа на вкупните даватели на јавни услуги.
Вредноста на бодот за пресметување на платите на наставниците се усогласува и со растот на минималната плата утврдена според закон.
Наместо да блокираат, демантираат, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ нека го прочитаат законот и да престанат да ја лажат јавноста.
Центар за комуникации со јавноста
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.