Седница на Централниот одбор на СДСМ ќе се одржи вечер со почетокот во 19 часот во седиштето на партијата.
Како што информираат од прес-службата на СДСМ, седниците на Централниот одбор се работни. За заклучоците и одлуките на ЦО, ќе информираат по завршување на седницата за што медиумите ќе бидат дополнително информирани.
Се очекува на Централниот одбор на СДСМ новиот лидер на партијата Димитар Ковачевски и официјално да биде потврден како кандидат за нов премиер. На седницата на ЦО треба да се гласа и за избор на нови потпретседатели, генерален секретар и Извршен одбор на СДСМ, но не и за министерските функции во новиот владин кабинет.
Седницата ќе се одржи со обезбедување на соодветни услови согласно мерките и протоколите за заштита од Ковид – 19, додаваат од партијата.