HomeАктуелноСнимател на Фокс њуз убиен во Украина

Снимател на Фокс њуз убиен во Украина

Возилото со кое патувал Жакржевски било погодено во вкрстен оган.

Американската телевизија Фокс њуз објави дека камерманот на таа мрежа Пјер Жакржевски загинал во Украина, откако возилото со кое патувал било погодено во вкрстен оган.

Жакржевски вчера бил во тим со новинарот на Фокс њуз Бенџамин Хол, кога биле нападнати во близина на украинскиот главен град Киев. Хол е ранет и ќе остане во болница.

Пјер беше фотограф во воената зона, кој ја покриваше речиси секоја меѓународна приказна на Фокс њуз, од Ирак, преку Авганистан до Сирија, за време на неговата долга работа со нас. Неговата страст и талент како репортер беа неспоредливи, изјави извршната директорка на Фокс њуз Сузан Скот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.