HomeАктуелноСоветот за безбедност расправа за актуелната политичка и безбедносна состојба.

Советот за безбедност расправа за актуелната политичка и безбедносна состојба.

Во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски почна седницата на Советот за безбедност посветена на актуелната политичка и безбедносна состојба во регионот и пошироко.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По завршувањето на седницата, како што е најавено, претседателот Пендаровски ќе даде изјава за медиумите.

На седницата, како што информираат од кабинетот на Пендаровски, присуствуваат редовните членови на Советот, Талат Џафери, претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска, министер за одбрана, Бујар Османи, министер за надворешни работи, Ненад Марковиќ, професор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, Ветон Љатифи, професор на Универзитетот на Југоисточна Европа и Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана и универзитетски професор.

На покана на претседателот, на седницата на Советот ќе присуствуваат и Еролд Муслиу, директор на Агенцијата за разузнавање, Виктор Димовски, директор на Агенцијата за национална безбедност и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.