HomeАктуелноСообраќајната некултура владее на македонските патишта, МВР санкционира

Сообраќајната некултура владее на македонските патишта, МВР санкционира

Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден санкционирани се 101 возач за непропуштање на пешаците на пешачки премин, од кои 32 на територијата на СВР Скопје, 14 на територијата на СВР Битола.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

При акциската контрола изречени се санкции и за 1365 други видови на сообраќајни прекршоци.

Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците, односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано, се вели во соопштението на МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.