HomeАктуелноСо 10 евра пробал да поткупи полицаец на Долно Блаце, приведен косовски државјанин

Со 10 евра пробал да поткупи полицаец на Долно Блаце, приведен косовски државјанин

На 15.04.2025 околу 19.30 часот на Граничен премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода Ш.Б.(51) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „давање поткуп“ од член 358 став 1 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, при гранична контрола, тој на увид дал документи за патничко возило „фолксваген голф“ со косовски национални ознаки, кое го управувал и во патната исправа ставил банкнота од 10 евра. Известен е јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.