HomeАктуелноГрадоначалникот Пецаков уште еднаш ја покажа својата хуманост: Сите собрани средства од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски, се донираат и средствата од „Ohrid FREED 2025“

Градоначалникот Пецаков уште еднаш ја покажа својата хуманост: Сите собрани средства од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски, се донираат и средствата од „Ohrid FREED 2025“

Секогаш сме тука да подадеме рака таму каде што е најпотребно. За таа цел средствата собрани од хуманитарните паркинзи во износ од 150.000 денари ги донираме на нашиот сограѓанин Ивица Попоски кој во моментов води една од најтешките битки.
Ивица е посветен сопруг и татко на две деца, и секоја донација, без разлика на износот, значи многу за него и неговото семејство.
Доколку сте во можност да помогнете донациите може да се уплатат на:
➡Трансакциска сметка Комерцијална Банка 300017121388653
➡Девизна сметка 02-307-0699762.3
➡Отворени се и телефонски линии за донации:
➡Број за донација Телеком Мк 143107
➡Број за донација А1 143474
Средствата собрани од турнирот „Ohrid FREED 2025“ кој беше во организација на ЈП „Билјанини Извори“ ги доделуваме 50.000 денари на Здружение за воспитно образовна психо-социјална поддршка; ВОПС – Поддршка Охрид и 50.000 денари на Здружение на лица со дијабет Тип 1.
Верувам дека овие донации ќе помогнат во реализацијата на нивните благородни мисии.
Продолжуваме со поддршка на сите оние кои работат за подобро утре!
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.