Под влијание на циклонска активност, од денеска во вечерните часови се очекува промена на времето, со што следува период на претежно облачно време со повремени локални врнежи.
Врнежи од дожд се очекуваат низ целата земја.
Пообилни врнежи ќе има во западните и јужните делови на земјата.
На некои од повисоките планини, врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег.
Минималните температури ќе останат позитивни насекаде.
