Тешка сообраќајна ја потресе Македонија, загина едно лице

Тешка сообраќајна несреќа се случи попладнево на патниот правец Ресен- Битола. Во незгодата се судриле две  патнички моторни возила од кои едното е со охридски регистарски таблички. Едното возило е опожарено а според информациите,  настрадало лице на 52 години од Битола. Сообраќајот на овој патен правец е пренасочен по спореден пат.