HomeАктуелно25 проценти повеќе новороденчиња во Кавадарци споредено со лани

25 проценти повеќе новороденчиња во Кавадарци споредено со лани

Во првиот квартал од 2025 година, во Општата болница со проширена дејност во Кавадарци се родени 25 проценти повеќе новороденчиња во споредба со истиот период од 2024 година, информираа од болницата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ова се убави вести од оваа јавна здравствена установа. Оваа статистика не е само бројка, таа претставува живот, иднина и надеж. Радосни сме што сѐ повеќе семејства го започнуваат својот најважен животен момент токму во нашата установа, каде што стручноста и грижата за пациентите се на прво место. Гордост е да се биде дел од овој позитивен тренд, а ние продолжуваме со посветеност и љубов да се грижиме за секој нов живот што започнува овде, во Кавадарци, соопштуваат од Општата болница Кавадарци.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.