ЈП за Одржување и заштита на регионалните и магистралните патишта известува дека од 22:50 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево преку планинскиот превој Стража во двата правци.
Од 23:00 часот, поради врнежи од снег, се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар во двата правци.
