HomeАктуелноTри години од трагедијата кај Ласкарци, кој ќе сноси одговорност?

Tри години од трагедијата кај Ласкарци, кој ќе сноси одговорност?

На годишнината од трагедијата во која животите ги загубија 16 лица од селото Ласкарци, општинска делегација ќе го посети местото на каде што се случи сообраќајната несреќа и ќе се организира комеморативен собир.

Од локалната самоуправа информираа дека градоначалникот во Арбен Таравари во 13:30 часот ќе положи цвеќе на местото на трагедијата на локалниот пат во село Ласкарци.

Подоцна, во 17:30 часот ќе се одржи комеморативен собир во паркот на градскиот плоштад.  На собирот предвидено е да се вклучат 16 рефлектори во спомен на жртвите кои во тој термин пред три години требаше да пристигнат во Гостивар од Скопје со автобусот на превозникот „Дурмо Турс“.

Во тек е судски процес во кој треба да се утврди вината за несреќата и да утврдат причините кои довеле до неа. Половина час откако тргна со патници од Скопје кон Гостивар, автобусот на автопатот, ја загуби контролата и падна на споредниот пат, пробивајќи ги заштитните огради. Од превртувањето, 16 од патниците ги загубија животите, а 35 поминаа со тешки повреди.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.