Полицијата го застрела напаѓачот кој уби 11 и рани 6 лица во Цетиње

Убиени 11 лица и шест повредени лица во масакрот во Цетиње. Меѓу повредените е и припадник на полицијата. Медиумите откриваат дека на трагедијата ѝ претходела семејна караница, по што напаѓачот земал оружје и почнал да пука. Во болницата на Цетиње се примени четири лица, додека две повредени лица се пренесени во Подгорица.