Убиени 11 лица и шест повредени лица во масакрот во Цетиње. Меѓу повредените е и припадник на полицијата.
Медиумите откриваат дека на трагедијата ѝ претходела семејна караница, по што напаѓачот земал оружје и почнал да пука.
Во болницата на Цетиње се примени четири лица, додека две повредени лица се пренесени во Подгорица.
