Денеска во Австрија стапи на сила законот за задолжитена вакцина против ковид за сите полнолетни граѓани.
Неколку држави досега имаа воведено обврска за задолжителна вакцина за повозрасните граѓани и медицинските лица, но Австрија е првата европска држава која воведува закон за задолжителна вакцина на сите граѓани над 18 години.
Според австриската влада вакцината е најдобрата и најефикасна заштита за граѓаните во битката со пандемијата на корона. Според Владата на Австрија воведувањето на ваков закон е неопходен за да се избегнат нови блокади и протести.
Австриската министерка за ЕУ и устав Каролин Едштадлер објасни дека администрацијата е свесна дека тоа е многу тешка мерка, но дека е неопходна.
– Ние како политичари имаме одговорност да ја обезбедиме работата на здравствениот систем, за општеството да може нормално да функционира – рече Едштадлер.
Министерката воедно признава дека задолжителната вакцинација е мешање во човековите права, но посочува дека во овој случај тоа е оправдано.
– Неопходно е да се излезе од пандемијата, а вакцинацијата е единствениот начин да се вратиме во нормален живот – вели таа и објаснува дека законот за задолжителна вакцинација истекува во јануари 2024 година, но тоа може да се случи и порано и доколку дозволи пандемијата.
Според новиот закон граѓаните кои ќе одбијат вакцинација ќе се соочат со казни од 600 до 3.600 евра. Единствен исклучок од вакцинација е дозволен само поради медицински причини или бременост.
Извор: Информер.рс.