HomeАктуелноАД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум

АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на универзалниот снабдувач ЕВН Хоум за количините и цената по која ќе му ја продава електричната енергија по 1 јануари 2025 година. Токму од оваа цена најмногу зависи и крајната цена во сметките што ќе ја плаќаат потрошувачите на регулираниот пазар на електрична енергија од 1 јануари идната година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во моментов ЕСМ на универзалниот снабдувач му ја продава струјата по 60 евра за мегават час и задоволува 100 проценти од потребите на ЕВН Хоум.

Од Владата во неколку наврати најавија дека новата цена по која ЕСМ ќе ја понуди струјата по 1 јануари ќе биде од 58 до 62 евра за мегават час. Одлуката за цената веќе е донесена завчера на затворена седница на Владата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.