HomeАктуелноАкција за подигање на зелен отпад во населба Бараки

Акција за подигање на зелен отпад во населба Бараки

Акција за подигање на зелен отпад во У.З.12 „Гоце Делчев” , населба Бараки, ќе биде спроведена во сабота, 29 април. Ќе се подига отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 29.04.2023 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од ЈП Охридски Комуналец.

Зелениот отпад, додаваат, треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.