Православните христијани утре, 21 ноември, го празнуваат Соборот на Свети Архангел Михаил, познат меѓу народот како Аранѓеловден или Аранѓел.
Ова е еден од позначајните празници во православната традиција, а воедно и една од најчестите домашни слави во Македонија.
Свети Архангел Михаил се почитува како предводник на небесните ангелски сили и заштитник во борбата против злото. На православните икони најчесто е претставен со меч или копје во раката.
Во многу македонски домови празникот се одбележува со славски леб, свеќа, молитва и семејна трпеза. Според народните обичаи, на овој ден посебно се нагласуваат добрината, помагањето на сиромашните и грижата за ближните.
Кој празнува именден?
На Аранѓеловден именден празнуваат Ангел, Ангелина, Михаил, Михаила, Михо, Мила, Милка, Рајко, Рајна, Ратка и други.
Годинава празникот се паѓа во сабота, а верниците го одбележуваат во кругот на семејството и со посета на црковните богослужби.
На сите што го празнуваат Аранѓеловден им посакуваме здравје, мир, среќа и благосостојба!
