HomeАктуелноАхмети испрати писмо и до Мицкоски – предупреди на сериозни последици во случај на секое ново нарушување на меѓуетничките односи

Ахмети испрати писмо и до Мицкоски – предупреди на сериозни последици во случај на секое ново нарушување на меѓуетничките односи

Во писмото, кое интегрално го пренесоа од ДУИ, партискиот лидер изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд за „укинување на клучните механизми за заштита на заедниците“ и нивното влијание врз, како што се вели, меѓуетничката кохезија и одржливост на земјата

Откако испрати писма до повеќе меѓународни претставници и шефови на држави, во кои изрази загриженост за непочитување на Охридскиот договор, лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска такво слично писмо испратил и до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во писмото, кое интегрално го пренесоа од ДУИ, партискиот лидер изразува загриженост за неодамнешните одлуки на Уставниот суд за „укинување на клучните механизми за заштита на заедниците“ и нивното влијание врз, како што се вели, меѓуетничката кохезија и одржливост на земјата.

Ахмети предупредува дека во актуелната комплексна геополитичка состојба во светот и регионот, за која оцени дека е поопасна од кога било од крајот на минатиот век, секое ново нарушување на меѓуетничките односи би имало, како што вели, сериозни последици за внатрешната кохезија и предвидливост.

Последните одлуки на Уставниот суд, кои изгледа дека се извршување на програмата на вашата партија за укинување на клучните механизми за заштита на заедниците, предизвикаа загриженост кај сите граѓани кои се посветени на градењето на подобро одржливи меѓуетнички односи во Северна Македонија. Одлуките за измена или ревизија на Законот за употреба на јазиците, кој е клучен елемент на Охридскиот договор, не се само политички контроверзни, туку и штетни за напредокот и соработката меѓу заедниците. Ова е развој што може да ги поткопа придобивките стекнати со значителен труд и да ја врати земјата во периоди на несигурност, пишува Ахмети во писмото до Мицкоски.

Охридскиот договор, посочува лидерот на ДУИ, не е само политичко прашање, туку е темел на нашата мултиетничка демократија во земјата, стабилност и демократски напредок.

Секој обид за негово доведување во прашање, особено во актуелниот контекст, е чекор кој може да ја влоши состојбата во земјата и регионот. Затоа, ве повикувам да размислите со зрелост и одговорност за овие одлуки кои имаат потенцијал да ја нарушат мултиетничката кохезија во Северна Македонија. Иднината на нашата земја треба да се гради врз основа на соработка и взаемна почит, а не врз поделби. Секој чекор што ги нарушува овие основи е штетен за иднината на нашата земја и за сите нејзини граѓани, без разлика на етничката припадност, се додава во писмото кое Ахмети го испратил до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ.

Во писмото кое вчера го испрати до повеќе меѓународни претставници и шефови на држави, лидерот на опозициската ДУИ изрази загриженост за политичките и уставни случувања во Северна Македонија, кои, како што вели, ги загрозуваат постигнувањата на Охридскиот договор и принципите на еднаквост и стабилност во државата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.