За седум дена во неделата – седум предлог книги кои веќе може да се зајмат во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.
Од издавачката продукција на Литература.мк ви ги предлагаме следните наслови: „Автобиографија на Агата Кристи“, „Три желби“ од Лијан Моријати и „Париската библиотека“ од Скеслин Чарлс Џенет.
Во овој неделен преглед на нови наслови се и изданијата на Сакам книги, и Матица македонска: „Не напуштај ме “ од Шеви Стивенс и „Луѓе и времиња“ книга прва од познатиот македонски политичар Стојан Андов.
Не помлаку интересни возбудливи за читање барем како такви и се најавуваат се и романите „ Град на девојки“ од Елизабет Гилберт и „Украдени души“ од авторката Ирса Сигурдардотир обете во издание на Антолог.
Потсетување дека годишната членарина за возрасни во НУ Библиотека „Григор Прличев“ е 300 денари за возрасни и 200 денари за ученици.
Библиотеката за читателите е отворена од понеделник до петок во времето од 8 и 30 до 18.30 часот. – стои во соопштението на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.