HomeАктуелно„Биди срцевина, биди херој“ – Кампања за подигнување на свеста за дарување матични клетки од коскена срцевина

„Биди срцевина, биди херој“ – Кампања за подигнување на свеста за дарување матични клетки од коскена срцевина

Пред платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, Институтот за имунологија и хумана генетика под раководство на Проф. д-р Александар Петличковски и Универзитетската клиника за хематологија со директорката Проф. д-р Ирина Пановска Ставридис, организираа доброволна акција за зголемување на бројот на доброволни донори на матични клетки од коскена срцевина под наслов „биди срцевина, биди херој”.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Акцијата ја посети заменикот министер за здравство доц. д-р Владимир Рендевски,кој во име на Министерството за здравство ја истакна важноста од зголемување на регистарот на дарители на коскена срцевина и успешноста на методата на трансплантација која повеќе години наназад бележи пораст и успех во македонското здравство. Тој воедно со доброволното дарување на крв се впиша во дарителскиот регистар на коскена срцевина.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.