HomeАктуелноБОГАТА МУЗИЧКА ПРОГРАМА ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО ОХРИД.

БОГАТА МУЗИЧКА ПРОГРАМА ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА ВО ОХРИД.

Општина Охрид подготви богата музичка програма за прослава на Новата 2022 година, на која ќе настапат бројни домашни естрадни уметници.

Охриѓани и гостите кои новогодишната ноќ ќе ја поминат на плоштадот „Свети Климент Охридски“ ќе може да уживаат во музичките изведби на „Ле-трик“, „Бекдор-Бенд“, „Камелеон“, „Урбан планет“, Ѓоко Танески и Татијана Стефаноска. Специјален музички гостин на вечерта ќе биде Верица Ристеска, а свој перформанс ќе имаат диџеите „Фејс“ и „Гец“ заедно со Јана Слеј.

Според планираното, музичка забава на градскиот плоштад ќе биде организирана и на 1-ви јануари, во периодот од 13 до 15 часот, кога ќе настапат членови на охридскиот музички еснаф во проширен камерен оркестар, кои ќе изведат репертоар од охридски композиции.

На сцената на градскиот плоштад во рамки на дневната забава на 2-ри јануари, во периодот од 13-15 часот ќе настапи „Ансамбл Билјана“ со специјална програма „Охрид Охрид убав мил“.

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.