HomeАктуелноБочварски најавува контрола за пријавените нелегални објекти во Охрид

Бочварски најавува контрола за пријавените нелегални објекти во Охрид

Министерството за транспорт и врски, преку Државниот инспекторат за градба постојано врши инспекциски надзор врз изградбата на објекти на охридското крајбрежје и во заштитената зона.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ресорниот минситер Благој Бочварски денеска од Охрид упати апел до сите институции за контрола и санкционирање на нелегално изградените објекти во Охрид и регионот, за да не дојде до загрозување на статусот во УНЕСКО на охридскиот регион.

Сакам да апелирам до сите институции, сите заедно сме во оваа битка да ги овозможиме сите контроли, вторстепени од Општината и прво степени од Државниот инспекторат, на терен да ги контролира и санкционира сите вакви појави и во Охрид и во целиот регион. Сметам дека со заедничка борба треба да го заштитиме Охрид и охридскиот трегион, рече Бочварски.

На барање на граѓани на Охрид веднаш било испратено контрола на крајбрежјето. Секој граѓанин има право и обврска доколку нешто бесправно се гради да пријави во надлежниот инспекторат, локален и државен, додаде ресорниот министер.

Одговарајќи на новинарски прашање нагласи дека планот за управување мора да се почитува и, како што нагласи, да покажеме и на дело дека она што го нуди УНЕСКО, кое сме го зеле како обврска го почит

Се прави урбанистичкиот план за целото Охридско крајбрежје со инвестиција на Министерството за транспорт и врски и Владата, со цел да не дозволиме да биде загрозен статусот на УНЕСКО на Охрид и регионот, што беше поздравено и од УНЕСКО, истакна Бочварски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.