HomeАктуелноБрзото возење по македонските патишта продолжува, погледнете колку возачи санкционира МВР.

Брзото возење по македонските патишта продолжува, погледнете колку возачи санкционира МВР.

Во текот на вчерашниот ден (26.12.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 220 возачи. Од нив 20 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а шест возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 64 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 156 надвор од населено место.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Извор: МВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.