HomeАктуелноВечер посветена на Живко Чинго

Вечер посветена на Живко Чинго

Вечер e посветена на големиот Живко Чинго, со почеток во 20:00 часот, во атарот на црквата Св. Петка, с. Велгошти, ќе го одбележиме 90-годишниот јубилеј од неговото раѓање со богата културна програма.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Повелете, заедно да го прославиме овој јубилеј на големиот македонски раскажувач, романописец и драмски писател, нашиот Живко Чинго.

Програмата предвидува полагање на свежо цвеќе пред спомен-обележјето на Живко Чинго, обраќање на градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, доделување на наградата за најдобар расказ и кратко обраќање на добитникот на наградата Дијана Петрова.

Ќе биде промовирана и книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето до денес“.

Беседа за Чинго ќе одржи проф.д-р Кристина Николовска, по што ќе следува културно-уметничка програма со настап на „Трио Долче“ и КУД „Филиграни“

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.