Во с. Велгошти се одржа културна манифестација „Вечер на Живко Чинго“. По традиција беше врачена истоимената награда на авторката Дијана Петрова чиј расказ „Мизанабим” беше избран за најдобар по претходно распишан Конкурс на Општина Охрид.
За значаењето на манифестацијата „Живко Чинго“ обраќање имаше Ана Крстеска, заменик градоначалник на Охрид.

Годинава расказот „Мизенабим” по квалитет и раскажувачка моќ веројатно е „годинешната Пасквелија“, а авторката Дијана Петрова според книжевните вештини е младиот Чинго. Токму нејзе од срце и честитам за добиената награда посакувајќи и идни книжевни успеси и достоигнувања, а вас почитувани ве замоолувам и во иднина да го почитувате, читате и негувате делото на Живко Чинго најголемиот раскажувач на сите времиња- подвлече Крстеска.

Наградениот расказ се одликува со извонредна техника на раскажување што се засновува врз едно очигледно длабоко и темелно познавање на високите врвови на светската проза и на теоријата на прозата и притоа не изостанува авторската умешност лесно да ги хармонизира пристапите на некои великани со неговото лично авторско проседе.
Дијана Петрова е добитник на бројни награди и признанија.
На манифестацијата беше промовирана и книгата „Наградата Живко Чинго од востановувањето до денес“ од м-р Милчо Јованоски.
Беседа за Живко Чинго одржа проф. д-р Кристина Николовска.
