HomeАктуелно(ВИДЕО)Ние без возачка дозвола, возиме многу повнимателно од тие кои положиле!

(ВИДЕО)Ние без возачка дозвола, возиме многу повнимателно од тие кои положиле!

„Ние кои возиме без возачка дозвола, возиме многу повнимателно од тие кои положиле! Плати 1.000 евра и положен си! Значи не си положил ти, прасето положило“, порача Ром пред камерите на регионалната телевизија М Нет кој протестираше вчера во Штип.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Неговата изјава е хит на социјалните мрежи со оглед дека цврсто си ги брани ставовите.

– Не е тоа дека имам возачка и ќе возам правилно, пак ќе ми најдат маана. Ќе гледа само да ме „одере“ само. Законите се многу лоши во Македонија, европски, а не сме Европа. Доволно ги пратам работите, тврди овој човек.

Тој и останатите присутни на протестот бараат да бидат изземени од законската обврска за полагање на возачки испит, бидејќи тврдат дека се неписмени, но и немале пари за полагање, а и тврдат дека знаеле одлично да возат.

Видео

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.