Ракометното дерби меѓу Вардар 1961 и Еурофарм Пелистер донесе вистински хаос на теренот.
Полицијата реагираше, но тешко можеше да го смири хаосот кој наликуваше на вистинска војна.
Дел од публиката која беше близу до трибината кај гостинските навивачи кои беа околу 500 ги напушти своите места.
Натпреварот е во прекин, но капитените на двата тима разговараа со навивачите и се очекува дуелот да продолжи. И претходно се случи еден мал инцидент кој мина без голем проблем, кога голманот Урбан Лесјак беше погоден со паричка од трибините. Делегатот предупреди дека салата ќе биде испразнаета при евентуален следен инцидент.
Многумина се прашуваат кога конечно ќе заврши ваквиот хаос по натпреварите на трибините и кога конечно ќе имаме безбедни натпревари каде публиката ќе ужива и навива, а не стравува по својот живот.
