HomeАктуелно[видео] Калиопи го објави спотот за „Ела“, песната чија видео приказна беше снимена во Охрид

[видео] Калиопи го објави спотот за „Ела“, песната чија видео приказна беше снимена во Охрид

оп-дивата Калиопи денеска го промовираше новиот материјал, на српски и македонски јазик, наречен едноставно „Албум“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Дел од албумот е и песната „Ела“, за која видео спотот беше снимен неодамна во Охрид.

На албумот се наоѓаат 10 песни, од кои две и се веќе познати на публиката. Минатата година албумот го најавија дуетската песна „Знам“ (со Жељко Самарџиќ) и песната „Кад осване“, кои во меѓувреме ги освоија срцата на публиката. Публиката за прв пат ќе има двојазичен албум, како симбол на сите овие години креирање музика дома и во регионот.

На „Албум“, покрај „Ела“ се поместени уште четири песни на македонски јазик: „Парампарче“, „Во земјата на чудата“; „Дај, дај ми дај“ и „Казна“, заедно со Слаткаристика.

Во рамките на одбележувањето на јубилејот – 40-години од нејзината соработка со Ромео Грил, предвидени се два големи концерти на Калиопи пред македонската публика. Првиот ќе се одржи во Битола на 20-ти јули, во амфитеатарот на Херкалеа, а вториот во Скопје во салата „Борис Трајковски“ на 19-ти октомври. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.