Тензиите меѓу двајцата државници ескалираа кога Италија побара да се отстранат референците за „безбеден и легален абортус“ од последната изјава на овонеделниот самит на Г7 – нешто со што Франција не се согласува.
Макрон подоцна рече дека „жалосно е што зборот „абортус“ недостасува во конечната декларација на Г7“.
Дека има несогласувања меѓу Мелони и Макрон можеше да се види од видеото од нивното ракување кое набрзо стана вирално на социјалните мрежи.
Макрон ѝ пријде на Мелони, ѝ ја подаде и ја бакна раката, на што таа криво се насмевна, а подоцна, додека францускиот претседател се оддалечи, преврте со очите.
Погледнете го видеото:
