„Диносаурусот Френки има порака за човештвото“ е видео со моќна порака за човештвото кое е објавено од страна на UNDPMK на нивниот YouTube канал со кој сакаат да прикажат како неочекуван посетител во Генералното собрание на ОН Диносаурусот Френки има порака за човештвото, во кое на крајот од своето обраќање се вели:
Не бирајте изумирање!
Генералното собрание на Обединетите Нации со своето интересно и креативно видео со неочекуван посетител, диносаурусот Френки кој се обрати со порака за човештвото: горењето на фосилни горива ги носи луѓето до изумирање.
Речиси 80% од сите емисии на стакленички гасови во земјата се од горење на фосилни горива.
Барем ние имавме астероид, а што е вашиот изговор?- прашува Френки.
Во прилог може да го погледнете целото видео:
Голема благодарност до талентираниот Сашко Коцев кој се согласи да го позајми неговиот глас за важната порака на Френки да можеме да ја пренесеме и на македонски јазик! – се заблагодаруваат од UNDPMK.