HomeАктуелноВикендов во Скопје ќе се одржи саем за Отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ,,4 години работа за тебе”

Викендов во Скопје ќе се одржи саем за Отчет на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ ,,4 години работа за тебе”

Одговорноста и отчетноста пред граѓаните се врвен императив на ВМРО-ДПМНЕ и водилка во сите процеси на партијата. Дадениот збор и проектот ставен во програма се обврска која секогаш ги исполнуваме. Затоа кога ќе заврши еден циклус секогаш даваме отчет за сработеното. Еден таков циклус од 4 години мандат на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ тукушто навршува. Градоначалниците покажаа доблест, чест и достоинство. Имаме пример како треба да се однесува еден јавен функционер со јавните пари. Општините беа затекнати во дебели минуси, голем дел со блокирани сметки и проблеми. Но сите успеаја да ги надминат овие состојби и да постигнат успех. Тој успех сакаме и тие постигнувања ќе бидат промовирани овој викенд. Имено овој викенд на 23 и 24 Август, во Скопје, во Хотелот Холидеј Ин ќе се одржи Саем – Отчет под мотото  ,,4 години работа за тебе” на градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ. Настанот започнува на 23 ( сабота ) во 11 часот, по што обраќање со цел отворање на настанот ќе има Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Во текот на првиот ден ќе имаме панел дискусии на градоначалниците поделени по региони, на кои тие ќе го презентираат сработеното.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Воедно секоја општина ќе има свое катче, штанд, на кој граѓаните и новинарите ќе може да пристапат и да се запознаат одблиску со работата на градоначалникот на дадената општина и неговата администрација.Вториот ден во недела, настанот започнува во 10 часот, и ќе има низа панел дискусии меѓу кои панел дискусии за 4 години развој и прогрес, инфраструктурни инвестиции, вклученоста на граѓаните во носењето одлуки, и меѓународната соработка. На саемот граѓаните ќе можат да се запознаат во детал за сработеното во изминатите 4 години, одблиску ќе ја видат трансформацијата на општините во однос на 2021 и сега. Разликата е огромна, таа е мерлива. Разликата и резултатите се тоа што не разликува од сите политички противници. Ветените и реализирани проекти се работи кои не симболизираат. Македонија на локално ниво во изминативе 4 години доживеа вистинска трансформација. Промените се реалност.Ве покануваме сите да ни се придружите на Саемот – Отчет овој викенд со почеток во сабота од 10 часот во Хотелот Холидеј Ин.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.