HomeАктуелноВикендов над 51.000 патници поминале низ ГП Табановце, најмногу македонски државјани

Викендов над 51.000 патници поминале низ ГП Табановце, најмногу македонски државјани

Над 51 илјади патници влегле и излегле од ГП Табановце изминатиов викенд, соопштија денеска од МВР.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според податоците од преминот од 13 до 16. јануари, годинава до пладне низ преминот поминале 51.515 патници. Од нив на преминот влегле 11.707, а излегле 21.701 македонски државјанин. Влез оствариле 8.289 странски државјани, а во истиот период излегле 9.818 лица, странски државјани.

Најголем наплив на патници и возила имаше на 15-ти јануари годинава од 15:00 до 18:00 часот, соопштија за МИА од ГП Табановце.

Во моментов на ГП Табановце редовно се одвива сообраќајот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.