Заради неспособноста на власта покрај струјата ќе се покачи и цената на парното.
Власта ги испразни хидроакумулациите во лето и продаваше ефтина струја, за сега кога струјата руши рекорди да увезува скапа струја. Загубата е десеткратна.
Наместо да копа јаглен, власта распипуваше непотребни тендери во РЕК, а сега краде струја од Европа па плаќа пенали во милиони евра.
Кога државите низ светот и регионот работеа на снабдување со гас, власта не мрдна со прст. Сега како последица на тоа има најава за зголемување на цената на парното.
Власта е неспособна да менаџира со енергетскиот сектор. Државата секој ден е во се подлабока криза. – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
извор: Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.