HomeАктуелноВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не лаже, Европскиот Совет отпочна преговори со Албанија, а со Македонија фаза на отворање на преговори

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски да не лаже, Европскиот Совет отпочна преговори со Албанија, а со Македонија фаза на отворање на преговори

Предавникот Ковачевски да не лаже, Европскиот Совет ги отпочна преговорите со Албанија, а со Македонија отпочна фазата на отворање на преговори.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На официјалната веб страна на Европскиот Совет во делот на соопштенија од Советот, во две засебни соопштенија за меѓувладините конференции, помеѓу Албанија и Македонија со ЕУ се гледа кој почнува преговори, а кој ќе чека уште.

Албанија почнува преговори, а Македонија уште е во чекална.

За Македонија да ги почне преговорите треба да се бугаризира, и тоа е директна вина на Ковачевски.

Предавникот Ковачевски трајно ги наруши македонските преговарачки позиции и нашите црвени линии.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи промена на Уставот. Пратениците на партијата нема да гласаат за промена на Уставот.

Македонија мора да преговара со ЕУ под услови кои важеле за сите.

 

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.