Времето денеска ќе биде претежно сончево и многу топло со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. UV=9
Во Скопје сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 38 степени.
Во Охрид денес сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.
UV индексот ќе биде 9, а максималната температура ќе се искачи до 32. степени.
Следува период на стабилно и многу топло време со натпросечни температури. Најтопло ќе биде особено на југоистокот во четврток, петок и сабота. Во четврток преку денот краткотрајно ќе засилува претежно северен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Република Македонија
