HomeАктуелноВозачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла – Познато колку години затвор му се закануваат!

Возачот што ја прегази Фросина ќе се гони за кривично дело со умисла – Познато колку години затвор му се закануваат!

Казна затвор до 20 години му се заканува на возачот кој ја усмрти 22 годишната Фросина. За тешко кривично дело во сообраќајот сторено со умисла, вака обвинителството ќе го гони осомничениот. 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Државниот обвинител соопшти дека се обезбедени докази кои укажуваат дека делото е сторено со умисла. По самиот увид беше познато дека сторителот не поседувал дозвола, возел под дејство на алкохол, со недозволена брзина и поминувајќи на црвено на семафорот ја прегазил девојката која минувала на пешачки. Државниот обвинител ја уверува јавноста дека ќе ја бараат највисока казна за него.

По скандалот со мобилниот телефон кој му бил даден на осомничениот по два дена поминати во притвор се води истрага. Обвинителството за организиран криминал ќе утврдува кој е виновен.

Возачот и претходно се соочил со законот бидејќи возел без дозвола и предизвикал штета. Тогаш тој се спогодил со судот, а обвинителот вели дека законот не е прекршен, бидејќи се работело за полесно дело кое предвидува парична казна доколку оштетениот во случајот не бара поинаку. Коцевски тврди дека обвинителите неправедно се изложени на јавен линч и трпат закани бидејќи кај нив тој не утврдил незаконско постапување. 

Инаку во следните десет дена Апелација треба да одлучува во однос на обжалената пресуда за 20 годишниот возач, кој за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци. Кривичен тогаш пресудил дека момчето треба да оди во воспитно поправен дом Тетово.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.