HomeАктуелноВо Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, најмалку 10 повредени | ВИДЕО

Во Бугарија се преврте автобус со деца од Србија, најмалку 10 повредени | ВИДЕО

 

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Автобус со регистерски таблички од Шабац, Србија во кој се превезувале 48 деца,излетал од автопатот Тракија во Бугарија и се превртел во ендек при што има повредени.

На местото на настанот пристигнале возила на брза помош, пожарна и неколку полициски возила. Според првичните информации најмалку десет лица се повредени.

Сите патници се државјани на Србија. Несреќата се случила на 216 километри во правец на Софија, кај Стара Загора. Децата биле учесници на фестивал во Несебар, јавија српски медиуми.

ВИДЕО

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.