Во периодот од 10.02. до 13.02.2022 припадници на Единицата за брзо распоредување од Одделот за специјални полициски операции преземаа мерки на засилено набљудување и оперативен надзор на поширокиот реон на подрачјето на СВР Охрид, информираат од МВР.
Во рамки на активностите беше извршено патролирање во водите на Охридско Езеро и пребарување на терен со цел заштита на рибниот фонд во езерото, пронаоѓање на лица кои илегално ја минуваат државната граница, како и лица сторители на други кривични дела. Како резултат на преземените мерки и активности од водите на езерото се пронајдени и извадени 8 рибарски мрежи, со различни димензии, со вкупна должина околу 1000 метри, велат од МВР.
Пронајдените и одземените мрежи, додаваат од МВР, се предадени на Полициската станица за граничен надзор Охридско Езеро.
Извор: МВР