На 15.01.2023 година во 03.40 часот, во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од М.Т. врз Ѓ.М.(42) од Охрид. По целосно документирање на
настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додека истата вечер (15.01.2023 година) во 00.10 часот, во СВР Охрид приведен е В.С.(40) од Охрид кој претходно, на улицата „Спас Банџов“ во Охрид, физички и со употреба на дрвен предмет го нападнал Г.Ш (30) од Охрид. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, додава потпаролот на СВР Охрид.
извор: СВР Охрид
